Арсовски: Заев и Филипче немаат одговори на најважните прашања за Клиничкиот центар

Молкот од Владата за изградбата на клиничкиот центар е потврда дека како и за се друго кога се молчи, нешто кријат од владата што е крајно тенденциозно и сомнително во врска со изградбата на клинички центар.

Заев и Филипче кои го подготвуваат најголемиот грабеж во Република Македонија во висина од 500 милиони евра, немаат одговори на најважните прашања кои ја мачат јавноста.

Како е можно да распишат тендер за изградба на клинички центар кога немаат готов проект? Како може да знаат колку точно ќе чини проектот за да го објават тендерот со точна цена доколку не им е готов проект за клиничкиот центар?

Како е можно да распишат тендер за проект кој не знаат колку ќе чини и немаат обезбедено средства за истиот, што е клучно за секоја набавка, без разлика дали е едногодишна или повеќегодишна? Во Буџетот за 2019 година Зоран Заев и Венко Филипче не предвиделе пари за изградба на нов клинички центар во Скопје. За изградба на клиничките центри во Скопје и Штип во Буџетот за оваа година се предвидени само 9.5 милиони евра, а до 2021 година предвидени само 22 милиони евра. Тоа е за 25 пати помалку од она што сега го распишуваат како тендер Венко Филипче и Зоран Заев.

Како е можно да се издаде одобрение за градба за локацијата на клинички центар, доколку знаеме дека немаат проект, како ќе го решат тоа со кој закон? Дали можеби Заев и Филипче имаат план да преземат веќе готов објект па затоа објавуваат паушална цифра од 500 милиони евра тендер, пари кои што нормално по ниедна цена не чувме одговор каде и како ќе завршат, и во чии џебови ќе останат?

Доколку е се чисто и транспарентно, зошто се кријат толку многу работи? Зошто Венко Филипче молчи и се прави како паднат од Марс и ги упатува новинарите и јавноста да прашаат во министерството за финансии каде што нема министер? Дали веќе нешто е договорено во 4 очи со Зоран Заев, па сега мораат да молчат, да лажат и да ја префрлаат топката?

Почитувани,

Јавноста заслужува одговори и тоа ги заслужува веднаш. Не молчете како и за се друго, на лагата и се кратки нозете. Кај вас видовме дека многу кратко траат лагите.

Додека молчи власта, уште еднаш да апелираме до сите вработени во институциите да не ги потпишуваат овие сомнителни документи. Да се работи строго според закон и да се одбие на притисокот на Зоран Заев и Филипче да бидат свесно втурнати свесно во криминал, луѓе кои што се недолжни за истата работа. Бидејќи еден ден сите кои што ќе направат погрешен чекор и ќе потпишат нешто што не треба во врска со овој сомнителен тендер ќе одговараат.