Димковски: Се трудиме водата да ја има доволно и навремено до земјоделските култури

Министерот за земјоделство Трајан Димковски го посети Хидромелиоративниот систем „Тиквеш”, пумпна станица Марена и најави надминување на проблемите со  водоснабдувањето.

– Генерален заклучок е дека лошо донесениот закон во 2015 година при формирањето на АД Водостопанство не покажа добри резултати во процесот на поедноставување на овој систем. Очекуваме дека максималната искористеност што ја има водниот потенцијал, капацитет на самото Тиквешко Езеро,  ќе биде користен и реално достапен на земјоделците  и културите кога навистина им треба, рече министерот.

Денешната посета, нагласи, ќе биде искористена за да се добијат и поцелосни информации околу тоа како програмите, руралната и националните, да се искористат, се со цел водата навремено и доволно да биде достапна до земјоделските култури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *