Селото Тресонче овој месец ќе одбележи 200 години од раѓањето на Дичо Зографот.
Подготовките за меморијалот што ќе се одржи на 31 август и 1 септември, се во тек. Дел се одвиваат во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“, а дел кај камбанаријата. Направена е и спомен-чешмата. Се уредува и специјалната одаја посветена на Дичо Зограф.
Димитар Крстев познат како Дичо Зографот е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19 век. И припаѓал на т.н. дебарска школа. Роден е 1819 година во маалото Лековци во Тресонче. Во неговиот краток живот насликал повеќе од 2.000 икони за правоверските цркви.
Great article! The depth of analysis is impressive. For those wanting more information, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!