Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечер со концерт во црквата „Света Софија“ на албанските уметнички Јонела Големи на флејта во пијано придружба на Мерита Реџа Тершана.
Јонела Големи дипломирала на отсекот за флејта на Универзитетот во Тирана, по што во 1997 година заминува на студии во Париз каде на Конзерваториумот работи под менторство на П.И. Арто, по што следеле судии на Екол Нормал „А. Корто“ и четиригодишни студии на регионалниот национален конзерваториум „Сен Мор де Фосе“кај проф. П. Легор каде се здобива со златен медал и дипломи на студиите по флејта, камерна музика и педагогија. Добитничка е на бројни награди и признанија, прв победник е на натпреварот „Н. Зораки“ и прогласена е за музички уметник на годината во 2018 година на доделувањето на наградите „Култ“ откако три последователни години била номинирана за оваа награда.
Член е на оркестарот „Француски флејти“ каде ги свири сите инструменти од семејството флејти (пиколо, алт, бас, октобас) и во кој членува покрај докажани врвни француски флејтисти. Како солист настапува со Симфонискиот оркестар на Албанското радио под диригентската палка на Ј. Барбулуши, Е. Коцо, Е. Крантја, К. Морбо, Г. Фрата, Н. Виџаја и др. Настапите ја водат во Франција, Италија, В. Британија, Германија, Кина. Прва флејта е на оркестарот на Албанската РТВ и е гостин – професор по флејта на Универзитетот во Тирана.
Кога станува збор за Мерита Реџа Тершана, неа критиката, публиката и медиумите ја сметаат за една од најактивните уметници на албанската територија, која гради кариера полна со нови достигнувања. Добитничка е на импресивна бројка на национални награди како – Изведувач на годината на албанскиот фестивал за современа музика во 1996, Изведувач на годината и добиник на Култ наградата во 2010 и 2016. Родена во Тирана, Мерита Реџа Тершана дипломира на Универзитетот за уметности во Тирана во класата на проф. Маргарита Кристиди, а се усовршува на пост-дипломски студии и на мајсторски курсеви кај Паул Бадура-Скода и Тил Енгел. Тершана работи на Универзитетот во Тирана од 1994, најпрво како корепетитор, а подоцна од 2002 година како педагог. Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително со оркестарот на Албанското радио и ТВ, оркестарот на Универзитетот во Тирана, оркестарот на Операта под диригентската палка на Ј. Барбулуши, Л. Квадрини, Б. Лапај, А. Лепури, Н. Марин и Д. Савиќ. Како солист е често канета да настапува на познати фестивали во Албанија и Европа меѓу кои Фестивалот „Шлезгвиг- Холштајн“ (Германија), Фестивалот во Брегенц (Австрија), Фестивалот „Гросето“ во Италија како и бројни фестивали во регионот. Мерита Реџа Трешана често за прв пат изведува нови дела од албански композитори, а во 2009 снима ЦД со музика од Шуман. Исто така има снимено две ЦД- а со дела од албански композитори. Моментно предава пијано како вонреден професор на Универзитетот за уметности во Тирана.
Fantastic perspective! The points you made are thought-provoking. For more information, I found this resource useful: FIND OUT MORE. What do others think about this?