Влашка вечер и трибина за пописот на „Десет дена Крушевска Република“

 Во рамки на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ синоќа во Крушево се  одржа традиционалната влашка вечер со настап на неколку музички и играорни групи од државава и од Србија.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски порача дека продолжува традицијата на одржувањето на денот и одбележувањето на културата на Власите.

-Крушево е симбол на концептот на едно општеството за сите, каде обичаите од сите етнички групи се негуваат и се промовираат. Во Крушево денес отворено зборуваме за македонската култура, за влашката култура, за албанската, турската и за други те култури. Доказ за тоа се низата настани кои ги организираме, а директно ги претставуваат Власите и сите етнички групи во Крушево, речеХристоски.

Беше промовирана и книга на поранешниот крушевски градоначалник Иван Андрески како и цеде со влашки песни.

На четвртиот ден од манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ се одржа и трибина на тема „Попис 2020 Win-Win“, како дел од денот за одбележување на влашката култура и традиција.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски презентираше како ќе се спроведе  пописот најавен за 2020 година, а учесниците ја потенцираа важноста да се организира попис.

Покрај Симовски, на трибината говореа претседателот на Демократски сојуз на Власите Николче Бабовски, крушевскиот градоначалник Христоски и поранешниот директор на ДЗС, Дончо Герасимовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *