Во Велес одбележан претстојниот национален празник Илинден

 Општина Велес по  повод националниот празник 2 Август-Илинден, утринава на Спомен Костурницата од НОВ , на Споменикот Коњаникот посветен на велешките војводи Илинденци и на споменикот на Панко Брашнаров во Велес им  оддаде достојна  почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и Втората светска војна.

Букети свежо цвеќе на трите споменици положија делегации на општина Велес, членови на Сојузот на борци од НОАВМ-Велес, на јавните институции од градот, членови на семејства на загинати борци, политички партии и невладини организации.

На централното место на прославата пред Спомен костурницата од НОВ, свое обраќање пред присутните имаше историчарот Марин Клифов, в.д директор на  ЛУ Народен музеј – Велес.

Тој потсети дека утре се навршуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ, и при тоа говореше за големото  историското значење на двата Илиндена 1903 – и 1944.

 Во чест на загинатите херои, свои уметнички творби читаа членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, поетите Родна Јанчева, Божидар Јовиќ и Јасмина Ѓорѓиева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *