Конституиран Советот на општина Пустец

Денеска е конституран новиот Совет на општина Пустец, кој произлезе од изборите спроведени на 30 јуни. За претседател на Советот беше избрана Силвана Сотир, дипломиран социолог од редовите на Социјалдемократската партија, која беше дел од изборната коалиција Алијанса за европска Албанија, предводена од Социјалистичката партија.

Општнскиот совет има 15 членови, од кои 11 советници се од споменатата изборна коалиција, при што од редовите на Социјалистичката партија се шестмина советници, додека останатите пет се од други партии од коалицијата. Македонска алијанса за европска интеграција-МАЕИ во новиот состав има четворица свои претставници.

На седницата прсустуваше и новиот градоначалник,Пали Колефски, кој исто така денеска и официјално застана на чело на општината.

Тој им посака успешна работа,  добра соработка со советот и донесување едногласни одлуки, без оглед на партиската припадност, сето тоа, како што рече,  во интерес на жителите на општината.

И градоначалникот Колефски беше кандидат на Алијансата за европска Албанија, како предлог на владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.

На двете свечености во општина Пустец денеска присуствуваше и ексградоначалникот Едмонд Темелко, кој 12 години беше нејзин прв човек. Присутен беше и префектот на околијата Корча, Дори Спиролари, и пратеникот од МАЕИ во албанскот парламент Васил Стерјовски, кој беше во минатиот состав на Советот.

Во општина Пустец има девет населени места, распослани на брегот на Преспанско Езеро, во кои живеат околу пет илјади Македонци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *