За време на официјалната посета вo Анкара, р. Турција, делегацијата на политичка партија ‘’Алтернативa’’, составена од претседателот Африм Гаши, Министерот за Култура, Хисни Исмаили и портпаролот на партијата, Орхан Муртезани, денес се сретнаа со Секретарот за Надворешни Односи на АК Партија ( Партија на Правда и Благосостојба) воедно и пратеник г. Џевдет Јилмаз. За време на средбата се разговараше за воспоставување на партиската соработка помеѓу Алтернатива и АК Партија, каде особено се потенцираше размената и продлабочувањето на евентуалната соработка помеѓу структурите на Форумот на млади и Форумот на Жени помеѓу двете партии.Двете страни се соогласија да ја продлабочат соработката во иднина помеѓу Алтернатива и АК Партија, како две десничарски партии.