БЕСА: Не се почитува законот за употреба на јазиците

Иако поминаа неколку месеци од донесувањето на Законот за употреба на јазиците, како и обврската што ја има Владата за почитување и имплементирање на истиот, ние сме денес тука пред Министерство за Финансии каде што може да гледате дека тука сеуште не се почитува законот за јазици.

Законот за употреба на јазиците не го почитуваат i многу други институции, но оваа акција ја инициравме токмѕ пред ова министерство бидејќи одговорен за овој ресор е премиерот Зоран Заев а негов заменик министерот е од редовите на ДУИ, која како и нејзината партија изгледа дека повеќе се грижат за внатрепартиски проблеми отколку да се придржуваат кон и спроведуваат закони што се од голем интерес на Албанците.

За да го потсетиме раководството на Министерство за финансии дека треба да се придржуваат кон почитување на законот за употреба на јазиците, им донесовме плакета напишана на албански јазик за да им послужи како потсетник за поставување на службен натпис и на албански јазик од страна на Владата на Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *