Укинувањето на квотите за лекови стартува во периодот од 1-ви септември до 1-ви октомври

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека решението за лекови без квоти треба да стартува во периодот од 1-ви септември до 1-ви октомври, до кога надлежните работат на изнаоѓање механизми на контрола за да нема злоупотреби.

-Наша асприрација е меѓу 1-ви септември и 1-ви октомври да ги пуштиме лековите компленто без квоти. Тоа е сериозен исчекор, државата влегува во сериозен ризик, но граѓаните ќе имаат лекови. Ако успееме да ги ставиме контролните механизми ние ќе стартуваме со еден ваков процес, така што суштината е буквално пораката – немојте да крадете од граѓаните и државата, затоа што без разлика кој во каков сегмент работи тоа е казниво по Кривичниот закон и се одговара со казна затвор, изјави Заев о дговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Тој рече дека има сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивна листа на лекови и издавањето на рецепти.

-Прво не сум обвинил никого. Реков јавно дека постојат сериозни индиции за злоупотреба  во делот на позитивната листа на лекови и издавањето на рецептите. И ние очигледно гледаме, дека генерално, во буџетот се повеќе се зголемуваат парите во делот на издавање лекови на позитивнта листа, а бројката или наталитетот во државата остануваат исти. Еве дури во еден дел се намалува поради миграцијата, рече Заев.

Тоа, според премиерот,  дава сериозни индиции дека некаде се случуваат незаконски дејствија.

-Пораката од мене како претседател на Владата е криминалот значи затвор, значи одговорност. Секој кој што ќе се огреши треба да си прифати одговорност. Не обвиниваме никој, тоа може само истрагата да го потврди, виновен е оној за кој секако само докази ако има, рече Заев и додаде дека целта е да се испрати порака – „никој да не ги чепка парите што граѓаните ги уплаќаат во државната каса“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *