Локвенец: Извештајот на СТО потврда за успешноста на реформите на СДСМ

Најновиот Извештај на Светската трговска организација каде се констатира огромен економски напредок, е уште една потврда за успешноста на реформите на СДСМ и Владата што ја предводи.

Пред само две години, во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто. Денес, преку успешните економски политики, растот на Бруто домашниот производ изнесува 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година.

Денес, реалниот сектор е носител на економскиот раст. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува нивната продуктивност и конкурентност на домашните и странските пазари.

Бруто инвестициите, во првиот квартал растат за 9,9 процентни поени.

Во изминатиот период, политиките на Владата го следеа и учествуваа во растот на економските параметри. Во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добија поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра.

Континуирано растат, платите. Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, што е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот месец од 2017 година.

Паралелно со растот на платите, бележиме пад на невработеноста на рекордни 17,8 отсто, а за само две години реализирани се 49.552 нови вработувања, доминантно во приватниот сектор.

Но не застануваме тука. Во периодот пред нас следува инвестициски циклус од 5 милијарди евра. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница, над една милијарда евра за енергетика.

Продолжуваме со реализација на зацртаните мерки и политики што носат раст и развој, зголемена конкурентност, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните.

Создаваме силна економија што е шанса за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *