По долги години се слушна црковното звоно во делчевско Габрово

По долги години се слушна црковното звоно во село Габрово. Ѕвоното е поставено во камбанаријата на црквата Св.Великомаченик Димитрија, која наредната недела од страна на Митрополит Брегалнички, г.Иларион ќе биде осветена.

Како што информираше иселеникот Зора Димитровска, која низ годините наназад организираше голем број хуманитарни акции за изградба на црквата, пред осветувањето, во среда на 31 јули ќе се организира хуманитарна забава, со цел да се соберат средства за уште неколку фрески кои не се довршени.

– Со поставувањето на црковното ѕвоно, црквата Св.Димитриј која започна да се гради во далечната 2005 година речиси е готова и тоа најмногу благодарение на помошта на хуманите граѓани, со кои на 4 август и ќе ја осветиме. Најпрво во среда ќе организираме уште еден хуманитарен настан. Целта е да собереме средства за неколку фрески кои останаа недовршени, за што ќе организираме музичка забава на која иселениците ќе можат да донираат, вели Димитровска.

Димитровска ги покани сите хумани граѓани в среда да дојдат на хуманитарната забава, а потоа на 4. август да присуствуваат на осветувањето на црквата.

– Упатувам апел до сите добронамерни христијани да повелат во среда во училишниот двор на 4-тата хуманитарна забава, да ги собереме потребните средства за фреските, а потоа на 4 август и да ја осветиме оваа наша долгоочекувана црква, додава Димитровска.

Градбата на црквата посветена на Св.Димитриј во село Габрово е проектирана од страна на архитектот Ѓорѓи Јанковски. Црквата е градена со помош на донации од верници, при што најголем дел иселеници од Швајцарија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *