Делегација на Претставничкиот дом на САД на средба со Џафери

Делегација на Претставничкиот дом на САД денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Делегацијата во чиј состав се Шаланда Јанг, директор на Секторот на Комисијата за буџет и Кристи Џ.Антони, раководител на Одделот за буџетско планирање – Буџетска канцеларија во Претставничкиот дом на САД ќе се сретнат со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.