Дел од животната приказна на Борис Видановски

Борче Видиновски е бизнисмен, но поведен од својата сопруга Рада Видиновска одвреме-навреме добива инспирации да напише некоја песна. Така, во делото „Корени“ („Канадско-македонски литературни визии“) е застапен со девет песни на македонски јазик. 

Животната приказна на Борис (Борче) Видиновски е слична или идентична со историјата на голем број Македонци од сите делови на Македонија кои живеат на Северноамериканскиот континент. Во исто време неговиот живот и дело е и скромен дел од историјата на неговото родно Крстоар, на Битола, а преку него и на неговата татковина – Македонија.

Зашто она што се случувало од исконските времиња од античкиот период се’ до прогласувањето на Република Македонија за самостојна, демократска и независна држава е само една сага на човештвото. Затоа, може да се рече дека со монографскиот труд за доблесниото семејство Видиновски кое потекнува од селото Крстоар, Битолско, а живее во демократска Канада, во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја.

Борче Видиновски е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делото што го направиле тој  и неговата сопруга Рада, претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден македонски брачен пар во Канада.

Целосна претстава за Борче може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Крстоар, потоа Битола, каде го помина дел од своето детство, и неговите две татковини – Македонија и Канада. Текстови кои се дадени во монографијата „Семејството Видиновски“.

vid2

Селската чешма во Крстоар

Во моногравското дело на авторот на овие редови, Славе Катин, кое е на македонски и на англиски јазик и е илустрирано со голем број фотографии се вели дека Борис (Борче) Видиновски е роден во 1943 година во Крстоар, Битолско. Основно образование завршил во Буково, а Средно земјоделско училиште учел во Гостивар. Во тој период од животот Борче е еден од ценетите млади луѓе во селото и пошироко. Тој бил послушно, трудољубиво и вредно момче кое заедно со другите млади луге од селото и околината поради животните состојби и својата иднина, размислувал каде по белиот свет да ја бара својата иднина и живот.

Животот на еден познат иселеник од Македонија во Канада, како што е на Борче Видиновски сместен во еден ограничен со податоци биографско-публицистички времеплов е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за семејството Видиновски со сета скромност е лика и прилика за живот и за делото што Рада и Борчеј го оставија вечно да се сеќава нивната фамилија и младите генерациите во нивните родни места Крстоар и Живојно, во Македонија, како и во Торонто, во нивната втора татковина, Канада.

Инаку, најголемиот дел од животот Борче го мина во емиграција, но тој остана поврзан со родната земја – Македонија, со своето родно Крстоар, каде со реновирањето на семејната куќа ги продолжи и ги продлабочи корените на Видиновци. Со тоа Борче и Рада Видиновски, како личности, настојуваат да навлезат во суштината на животот во новата средина и во македонската вистина, слобода, иднина…

Борче е еден од најактивните членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Денес живее и ги поминува пензионерските години во Торонто, а со копнеж тагува и пее за родната татковина Македонија, каде доаѓа речиси секоја година.

vid3

Куќата на Видиновци во Крстоар

Уште од почетокот активно се вклучил во културно-општествениот живот, а особено во спортските фудбалски организации во Торонто. Бил претседател на Македонската фудбалска лига која броела 13 македонски тимови, а низа години бил тренер на националниот тим „Солун“ на организацијата „Обединети Македонци“ во Торонто.

Во 1988 година, со играчите на тимот „Солун“ гостувал на големата светска манифестација на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија што се одржала во Скопје. Спаѓа во редот на најдобрите бизнисмени со својата приватна компанија „Пикеринг ауто спринг сервис“ и компанијата Б-МОНТ.ЛИД во градот Пикеринг, Онтарио.

Тој е еден од најактивните членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Денес живее и ги поминува пензионерските години во Торонто, а а копнежот тлее  и тој пее во неговите стиховиза родната татковина Македонија.

Борче Видиновски се покажал и докажал преку постоењето и   активноста на Литературното дружтво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Борче Видиновски спаѓа во редот на подобрите бизнисмени меѓу Македонците во Канада. Заедно со братму Мирче Видиновски беше сопственик на компанија „Пикеринг ауто-спринг сервис“ и компанијата Б-МОНТ.ЛИД во градот Пикеринг, Онтарио. Тие произведуваа федери за сите видови автомобили. Нивните производи се продаваат во Канада и САД, особено во Куба.

Исто така, двајцата браќа Мирче и Борче беа вклучени во акцијата  за прибавување на облека за крајно сиромашните краеви во Пиринска Македонија, во Бугарија  и во Мала Преспа, во Албанија, што во 1991 година започнаа да ја организираат македонските православни цркви „Св. Климент Охриски“ од Торонто и „Св. Илија“ од Мисисага, организацијата „Обединети Македонци“ и секцијата на ВМРО-ДПМНЕ од Канада.

vid4

Борче во Торонто

Оваа акција резултираше со испраќањето авионски пратка од 290 кутии облека, со тежина од 3 тони. Пратките беа испратена до Македонската православна црква во Скопје, која понатаму ја презеде должноста за дистрибуирање. Во ова акција беа вклучени бизнисмените Борче и Мирче Видиновски, како претставници на организацијата „Обединети Македонци“, а кои и во минатото биле вклучени во вакви и слични хуманитарни акции.

Борче Видиновски е бизнисмен, но поведен од својата сопруга Рада Видиновска одвреме-навреме добива инспирации да напише некоја песна. Така, во делото „Корени“ („Канадско-македонски литературни визии“) е застапен со девет песни на македонски јазик.

Инаку, делото „Корени“ е едно од позначајните поетски остварувања на членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ при Македонската православна катедрална црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто. Тоа, всушност, претставува излив на чувства, желби, соништа, копнежи, болки, вистини, страдања и радости, како и израз на голема љубов кон македонскиот и англискиот јазик.

Затоа може да се каже дека за Борче Видиновски Македонија претставуваат дел од секојдневието и од вистината на  демократска Канада. Затоа, неговите поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон Канада, старата и неговата родна татковина Македонија.

Продолжува

Katin6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *