Есма како добитник на наградата “Мајка Тереза” – II дел

Свечената церемонија на која присуствувавме за­врши по три и пол часа кога македонската делегација во името на целиот македонски народ и на државата Република Македонија положи венец во знак на по­­чит од македонските граѓани, а особено на скоп­јани, чија сограѓанка беше Мајка Тереза.

Последен поз­­драв на благодарност од сите присутни и од сите оние кои ја сакаа и ѝ оддадоа признание, упати неј­зината наследничка сестра Нирмала. Таа, меѓу дру­гото, нагласи дека животот на Мајка Тереза прет­ста­вувал „жртва, молитва и љубов за сите, особено за најсиромашните од сиромашните“.

На крајот свечената церемонија заврши со мо­лит­вени песни кои ги пееја хорот на мисионерките од нејзиниот ред, а потоа телото на Мајка Тереза беше однесено до нејзината „Куќа на милосрдието“ во центарот на Калкута. Во овој десетмилионски град подолго време се чувствуваше присуството на Мајка Тереза, нејзините слики, нејзините молитви, нејзиното дело…

Индија е земјата што ги одушеви, ги поттикна за понатамошни успеси и ги награди македонската хуманистка Есма Реџепова–Теодосиевска и нејзиниот сопруг Стево. Така, Есма ќе изјави:

over2
Папата Јован Павле II и Мајка Тереза

Моето незаборавно и омилено патување е она до Индија. Таа чудесна, маѓепсна, единствена, таинствена Индија во која возејќи го нашиот мерцедес мојот покоен сопруг Стево Теодосиевски, стигнавме во Чандигар во 1976 година.

Токму тогаш се здобив со титулата Кралица на ромската музика, а Стево Крал. Мојата фасцинација за оваа земја не беше наградата, туку земјата Индија.

Магија насекаде во нивните домови, на улица, храмови – седмото чудо, градината, врвулицата помеѓу река од народ, нивната облека, живите бои, везот, срмата, а за накитот може да се говори со денови… 

Бев воодушевена од движењето и носењето на жените на нивните прекрасни шари и елеганција на одот, како сите да завршиле манекенско училиште. 

Ако некаде видов женственост тоа е во Индија. Пеев низ цел свет, но тоа што го доживеав во Индија е единствено, неповторливо.

На почетокот како жена гледав во прекрасните бои на облеката, потоа бев збунета со нивната милозливост и љубезност. Сите ние Стево, јас и децата спиевме кај министерот за финансии и ден-денеска не можам да го заборавам гостопримството, храната, вниманието и топлината, со која не опсипуваа.

А храмовите ве носат во некој спокој и верба, Индијците се многу религиозни. Моите деца беа воодушевени од мајмуните и слоновите кои слободно се движеа и скокаа насекаде…

Во Индија никогаш не можете да бидете сам, околу вас постојано има џагор, врева, околу вас е животот, затоа ја сакам Индија, а и мојот ромски народ потекнува од оваа земја.

Ние бевме три пати во Индија, каде имавме чест да се сретнеме и да бидеме гости на Индира Ганди, Џавахарлал Нехру и многу други високи личности од политичкиот и културниот живот на таа прекрасна земја.

Она што ќе го доживеете во Индија тоа го нема никаде и сите подароци  и сè што донесовме од оваа земја ќе бидат достапни на јавноста во Македонија кога ќе го отворам нашиот Музеј во Скопје. Таму ќе може да се видат шарите, фигурите, статуетките и што уште не што добив од гостувањето во Индија, и зато препорачувам кој може нека ја посети оваа прекрасна земја.

Исто така, ми беше многу мило и си ги повратив спомените од Индија кога  пеев на забавата што ја приреди бизнисменот Субрата Рој, пеев од срце зашто ја сакам Индија“.

Државната награда „Мајка Тереза“, за прв пат е воведена во 2006 година во согласност со членот 8 од Законот за државните награди и Законот за  изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07). Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

За Република Македонија е многу значајно што се одбележа 102- годишнината од раѓањето на големата хуманистка и нобеловка за мир, Мајка Тереза. По тој повод на 26 август 2012 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа и чествување за Мајка Тереза, а вечерта премиерно беше прикажан филмот „Живеејќи со Мајка Тереза“ на јапонскиот режисер и претседател на Јапонската филмска академија Шигеки Чиба.

Филмот е снимен во 2010 година за јубилејот 100 години од раѓањето на Мајка Тереза и содржи архивски снимки од посетата на Мајка Тереза на Јапонија во 1981 година. Авторот прикажува документарни снимки каде е претставен животот на јапонските волонтери, студенти по медицина кои се грижат за штитениците на Мајка Тереза во Домот „Нирмал Хридеј“ во Калкута и кои по нивното враќање во Јапонија, ја продолжија мисијата на Мајка Тереза во нивната земја.

over3

Затоа, во Домот на АРМ на 26 август 2012 година, беше доделена и државната награда „Мајка Тереза“ која за таа година ја добија хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје и Детскиот театарски центар од Скопје.

Според информацијата на Министерството за култура одлуката за добитниците ја донесе Одборот за доделување на наградата „Мајка Тереза“, под претседателство на академик Витомир Митевски.

Во таа пригода, Есма Реџепова – Теодосиевска, претседател на здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ на доделувањето на наградата се заблагодари за високото признание и најави интензивна работа и во периодот што следува. Меѓу другото Есма рече:

Мајка Тереза е една и никој не може да ја стигне кога е во прашање хуманоста и добрината. Јас само може да одам по нејзините патишта и да направам едно мало делче. Ако имаш две подари едно, бидејќи јас секогаш кога имам две подарувам едно“. Инаку, здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ кое е формирано во 2002 година, со цел да организира и да дава поддршка на хумани активности на најранливите категории деца и родители на кои им е потребна љубов и помош, брои близу 800 членови.

Големата хуманистка и нобеловка за мир била родена во Скопје на 26. 8.1910 година. На неполни 18 години заминала во Калкута каде што го основала редот Мисионери на љубовта и милосрдието и до упкојувањето во 1997 година им помагаше на болните и сиромашните, оставајќи го својот аманет дека светот е гладен за леб, но уште повеќе за љубов.

За својата хумана работа во 1979 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Во 2003 година папата Јован Павле Втори ја беатифицираше, т.е. ја прогласи за блажена, што е чекор до прогласување за светица.

Инаку, на 5 септември 1997 година, почина Мајка Тереза во Калкута. Папата Јован Павле Втори, наместо по пет години како што е вообичаено, ја покрена процедурата за беатификација една година по нејзината смрт. Одговарајќи на прашањето кога Мајка Тереза ќе биде прогласена за Светица, Неговата Светост папата Јован Павле Втори порача:

За своите хумани дела дарувани за среќата на луѓето, мајката на бедните уште за време на својот овоземен живот стана Светица. Сè друго е формално и ќе се случи многу бргу, бидејќи Мајка Тереза тоа го заслужи!” Беатификацијата на Мајка Тереза ја изврши папата на 19 октомври 2003 година.

По повод 15-годишнината од упокојувањето на Мајка Тереза, на 5 септември 2012 година, во Скопје, се одржа и премиера на вториот филм од авторот  Шигеки Чиба насловен како „Мајка Тереза и нејзиниот свет“.Мајка Тереза својот роден град го посетила четири пати и тоа во 1970,1976, 1980 и 1986 година. Таа е прогласена и за почесен граѓанин на Скопје.

Македонија е среќна земја што жената со најголемо срце во светот е родена токму во неа. Горди сме што оваа добитничка на Нобеловата награда со право можеме да ја наречеме наша иако како што таа самата вели во врска со нејзината националност таа му припаѓа само на Исус и сите понатамошни расправии за нејзината припадност се излишни.

На гробот на Мајка Тереза во Калкута има спомен-плоча со запис „Благодарност од Република Македонија и жителите на родниот град Скопје“.

На  прес-конференција директорката на Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје, Рената Кутера-Здравковска, истакна дека раѓањето на големата хуманитарка и добитничка на Нобеловата награда секогаш се одбележува со културен настан. Така, во 2012 година се одлучиле за филмската уметност. За таа цел ги откупиле авторските права на филмовите на Чиба.

over4 over5

Домот „Мајка Тереза“ во Скопје

Исто така, таа информираше дека на 19 октомври, кога се одбележува беатификацијата на Мајка Тереза, во криптата на базиликата „Св. Антоние“ во Рим ќе биде отворена изложбата „Мајка Тереза, детството и младоста“. Носител на проектот е кустосот-водич Андриана Спирова, беше речено на прес- конференцијата.

Продолжува

slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *