Министерот Нуредини се сретна со постојаната координаторка на ОН во државава Росана Дуџак

– Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се сретна со постојаната координаторка на Обединети Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак.

Дуџак, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, изрази задоволство од можноста за придонес во спроведување на реформите во Република Северна Македонија. Во таа насока е и подготовка на нов програмски документ што ќе биде во согласност со барањата од ЕУ и Одржливите развојни цели на Обединети Нации.

Министерот Нуредини изрази почит и благодарност за поддршката од страна на системот на Обединети Нации и ги пренесе своите заложби за продолжување на нашата реформска агенда и што поскоро напредок на патот кон реализација на стратешките цели на нашата земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *