„Фронт21/42“: Општините и досега имаа правна обврска да спроведат мораториум на градење во Охридскиот регион

Со цел да се спречат евентуални повторни манипулации со јавноста, со некакви одлуки што би изгледале како да се во насока на спроведување на препораките од УНЕСКО, а всушност би обезбедиле продолжување на нивно прекршување, активистите на Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ денеска се огласија по последните активности што ги спроведува Владата во насока за зачувување заштитениот статус на Охридскиот регион под УНЕСКО.

За одлуката на Владата да го повлече новиот Законт за управување со Охридскиот регион за „Фронт 21/42“ истата во оваа фаза претставува нејаснотија, оттаму што на јавноста не и е познато што ќе донесе новата верзија на законот што се најавува дека ќе биде доставена на усвојување пред Собранието, па оттаму засега се воздржуваат од толкувања што би биле шпекулации.

Но, по однос на истата седница на Владата донесената препорака до општините Охрид, Струга и Дебрца да прогласат мораториум на градежните активности, во „Фронт 21/42“ со правно толкување на постоечката легислатива, со нагласок дека од 2017 година општините се обврзани да стопираат какви било градежни активности.

Тоа го образложуваат со толкување на обврската на државата да ги почитува меѓународно потпишаните конвенции, како правна обврска со поголема важност отколку било кој национален закон.

Според нив, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО уште од 2017 година има наложено воспоставување мораториум на какава билоа урбана и крајбрежна трансформација, односно законска обврска на општините уште од 2017 година да ги стопира сите градежни активности и постапки за донесување какви било урбанистички планови.

-Општините, од 2017. наваму, имаат законска обврска, не само да ги прекинат сите градежни активности (како што сега им препорачува Владата), туку и да ги стопираат сите постапки за урбанистички планови. Во оваа насока, уште еднаш бараме општина Охрид да ги прекине постапките за: ЛУПД Лескоец, Општ акт Елшани, УПВНМ Турстички Комплекс Горица, Проект за реконструкција на Кеј Македонија, УПВНМ КО Трпејца; и сите други постапки за урбанистички планови. Во повеќе наврати им укажавме, а сега повторуваме: сите овие, и уште 24 други урбанистички планови донесени во периодот 2017-2019 се директно и многу свесно прекршување на препораката на УНЕСКО“, стои во реакцијата од „Фронт21/42“.

Според активистите на Здружението, државата и тука прекршила дел од препораките на УНЕСКО, односно обврската редовно и целосно да го известува Комитетот на ОН за сите усвоени планови и проекти.

Тие изразуваат очекување дека овој пат централната и локалната власт навистина сериозно ќе почнат да ги спроведуваат препораките на УНЕСКО и да спречат понатамошно уништување на нашето најголемо богатство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *