Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи продолжение на 106. седница на која на дневен ред се: измените и дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите, на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и Предлог законите за основно образование и за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, сите во прво читање.
Меѓу точките на седницата за кои пратениците ќе треба да се изјаснат се и Предлог одлуката за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за домување, како и за барања за автентично толкување на одредби од повеќе закони.