Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и американската амбасадорка Кејт Мари Бернс денеска беа во посета на Кавадарци. Тие се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Чест огромна е да се биде домаќин на високи политички претставници, тоа е од големо значење за општина Кавадарци, рекоа од кабинетот на градоначалникот.
Ова беше прва средба на Јанчев со новата амбасадорка.