Во Крива Паланка ќе се одржи првиот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”

  Во сабота во Крива Паланка ќе се одржи првиот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка” за деца до 14 години, во организација на Националната установа Центар за кулутра Крива Паланка.

Фестивалот е закажан за сабота, 18 часот и 30 минути, на плоштадот „Карпошово востание“, а ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Србија, Бугарија и Северна Македонија.

Директорката на НУЦК Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска, информира дека подготовките привршуваат, а заинтересираноста на друштвата да ги претстават своите најмлади членови е голема.

-Првпат организираме фестивал за деца кои го практикуваат и негуваат фолклорот.  . Фестивалот го носи името „Паланечка тројка“, автентично македонско свадбарско-соборско оро „тројка“, карактеристично за овој крај. Орото е регистрирано првпат од Роберт Хенри Либман во 1972 година, на Балкански фолклорен фестивал во Охрид, каде фолклорна група од Крива Паланка настапила со соборско оро, што според него немало назив. Ова оро е автохтоно за овој предел, се изведува во музичка придружба на гусла, галда, а најкарактеристично, на тапан. Целта е ова оро да се популаризира меѓу младите, преку фестивалот кој ќе го промовира и сочува од заборав, изјави Ѓоргиевска.

Истакна дека фестивалот е проект, поддржан од Министерството за економија како проект од областа на туризмот, со цел пошироката домашна и меѓународн јавност да се запознае до орото, мелосот од овој крај, што придонесува за развој на туризмот.

На фестивалот ќе настапат КУД „Младост“ од Ковин, Република Србија, ФАвод Ќустендил Република Бугарија, КУД „Етнос“, Скопје, КУД „Мирка Гинова“, Демир Капија, ФА „Мугри“, Кочани, КУД „Јанко Глигоров“, Свети Николе и домаќините, културно-уметничкото друштво од Центарот за култура , Крива Паланка, „8 Октомври“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *