Реазлизиран заедничкиот проект меѓу Радовиш и бугарската општина Тетевен

Од 18 до 21 овој месец во општина Тетевен, Република Бугарија, преку повеќе интерактивни настани, успешно беше реализиран заедничкиот проект на општина Радовиш и општина Тетевен „Заедно создаваме подобра иднина“, кој беше одобрен на почетокот од оваа година преку програмата „Европа за граѓаните, информираат од општина Радовиш.

На средбата во Тетевен имало повеќе манифестации и работилници, како и презентирање на културно-историското наследство на двете општини, а посебно место им било отстапено на младите, кои ги покажале своите знаења од функционирањето на Европската унија.

Покрај тоа бил претставен и најважниот документ-„Општа стратегија за младите“, а повеќе културно-уметнички друштва и групи учествувале на заедничкиот фестивал на народните обичаи и автентични носии.

Во проектот учествуваа над 400 учесници од двете општини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *