ЗАМИНУВА ВУЈО, ЗАМИНУВА И РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Близу 80% од водечките луѓе на ЕХФ, се за тоа словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, да биде казнет со суспензија, односно со заминување од ЕП. Според хрватските медиуми, ваквата намера на ЕХФ е поради постојаните навреди и начинот на протестирање кон судиските одлуки на Вујовиќ.

Но, доколку се случи такво нешто, комплетната словенечка делегација се закани дека ќе го напушти европското првенство.

-Ова што ни се слушува ги надминува сите граници. Сериозно размислуваме да го напуштиме европското првенство, иако сме свесни како тоа понатаму ќе се одрази на помадите генерации – изјави генералниот секретар на Словенечката стопанска комора Горан Цвијиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *