Одблокирана сметката на Општина Берово

Решен е финансискиот проблем на Општина Берово со кој општинската сметка конечно е одблокирана. Со потпишаната спогодба, со доверителот од чија страна сметката беше блокирана, к ако што информираше градоначалникот Звоко Пекевски, ќе се стави крај на отежнатото финансиско работење на општината.

– Општина Берово склучи договор за одложено плаќање на рати и во наредните две години општината ќе има обврска за сервисирање на преземената обврска. Со овој потег сметаме дека довербата кај доверителите ќе биде вратена, а општината ќе продолжи тековно да ги сервисира обврските, истакна Пекевски.

Годината Берово ја започна со 47,8 милиони денари долг, а за раздолжување доби над 20 милиони од Владата со кои се покрија побарувањата на помалите доверители.

– На сметка на АД „Пелагонија” која е еден од доверителите, беа уплатени 11 милиони денари, но и покрај тоа, општината и понатаму остана должна. За Општината одблокирана сметка значи дека ќе се стави крај на отежнатото финансиско работење, а со тоа што таа ќе продолжи тековно да ги сервисира обврските, довербата кај доверителите ќе биде вратена, вели Пекевски.

Со овие активности, Општина Берово е првата општина што согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локалната самоуправа ги презема своите обврски за целосно измирување на обврските кон доверителите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *