Заев – Борисов: Договорот гарантира долгорочни пријателски односи

Долгорочни пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и стабилна основа за соработка во регионот базирана на европските вредности, гарантира  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој вчера беше ратификуван од страна на Собранието на Македонија.

Ова е заедничката оценка на претседателот на владите на Бугарија ина Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, телефонскиот разговор што го имале по повод ратификацијата на Договорот.

– Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира одржливо градење на пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот втемелена на европските вредности, се наведува во соопштението од кабинетот на Борисов.

Заев, како штио се посочува, му посакал успех на Борисов при претставувањето на приоритетите на бугарското претседателство пред Советот на ЕУ утре во Стразбур.

Ратификацијата на Договорот вчера ја пиздравија еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и бугарскиот државен врв.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Заев и Борисов го потпишаа на 1 август 2017 година во Скопје.