Предлог-законот за ЈО се уште не е пристигнат во Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре, собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, изјави денеска претседателот на Собранието,Талат Џафери.
Џафери кажа дека прашањето за тоа дали законот би можел да биде донесен до 15 септември му било поставено и од страна на американската амбасадорка Кејт Бернс на денешната средба во Собранието. Во тој контекст појасни дека законот би можел да биде донесен до крајот на август доколку постои согласност за него меѓу политичките субјекти во Парламентот.
-Доколку денеска и утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање. Потоа во рок од седум дена од првото читање законот треба да помине и на матичната комисија, а од 26 до 30 август може да се свика седница за второ читање на законот. Но, тоа е ситуација доколку се усогласат ставовите, кажа Џафери.
Тој информира дека со Собранието се уште не е поднесен ниту предлог-закон за ветинг што го најавуваше ДУИ.
На средбата со амбасадорката Бернс, како што информира Џафери, станало збор и за случајот „Рекет“ при што се заложиле за ефикасно и соодветно решавање на овој случај.
Се разговарало и за ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во НАТО од страна на САД при што обострано било иразено уверување дека Северна Македонија до крајот на годинава ќе стане полноправна членка на Алијансата
Цафери кажа и дека формално одморот на пратениците ќе трае до крајот на август, но вообичаено веќе од 25 -26 август започнуваат со активности комисиите. Првата наредна седница после одморите Собранието треба да ја одржи во септември, но можно е седница да се свика и порано доколку има потреба.
Wonderful perspective! The points you made are very enlightening. For further information, visit: DISCOVER MORE. Excited to hear your views!