Великов-Петков: Бугарија ја поддржува Македонија за ЕУ и НАТО

Бугарија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ и НАТО, истакна бугарскиот амбасадор во Скопје Иван Великов Петков пред Комисјата за европски прашања во македонското Собрание, презентирајќи ги приоритетие на Бугарското претседавање со ЕУ.

– Бугарија ги поддржува напорите на Владата на Македонија, опозицијата и граѓанското општество за постигнување на највисоките национални цели – членство во ЕУ и НАТО и тоа да се случи за време кога со Европскиот совет претседава токму Бугарија, рече Великов Петков.

Но, за да се случи тоа, посочи бугарскиот амбасадор, мора да се спроведат итните реформски приоритети.

Најави дека Бугарија за време на претседателството со ЕУ, ќе работи на зголемување на контактите меѓу земјите од Западен Балкан и подобрување на односите меѓу нив.

Амбасадорото Великов Петков изрази и задоволство што Договорот со за добрососедство со Бугарија денеска е ставен на ратификација во Собранието на Македонија.