Михајловиќ: Србија со Северна Македонија и Албанија ќе работи на намалување на гужвата на границите

Светската банка и одобри 40 милиони долари на Србија во рамките на проектот “Олеснување на трговијата и транспортот”, чија цел е намалување на времето на задржување на граничните премини. Тоа е регионален проект во кој, покрај Србија, се вклучени и Северна Македонија и Албанија, а вкупната вредност на заемот на Светската банка за сите три земји изнесува 90 милиони долари, изјави српската министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ.

Корисниците на средствата ќе бидат Царинската управа, Инфраструктура на српските железници, ЈП Патишта на Србија и Коридори на Србија, а се планира заемот да биде оперативна во втората половина на 2019 година.

Михајловиќ додаде дека за разлика од минатото, инфраструктурата веќе не е главен проблем за побрз проток на луѓе и стоки во регионот, туку тоа се повеќе се граничните процедури и долгото задржување при преминувањето помеѓу државите. Проектот со Светската банка опфаќа неколку компоненти, меѓу другото, олеснување на прекуграничниот сообраќај, развој на интелигентните транспортни системи на Коридорот 10, како и подобрување на патните и железничките премини на железничката инфраструктура.

Српското министерство објави дека заемот, што е договорен оваа година ратификуван е во српското Собрание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *