Костадинов: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да покажат одговорност пред државата и граѓаните и заеднички да допринесеме во воспоставувањето на правдата и правната држава.

Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за организиран криминал не е одлука на политичарите.

Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и е беше прифатено.

Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.

Тоа е значајно за правдата, за државата, за реформите.

Борбата против криминалот не смее да познава политички бои.

Секој за кој, во постапка ќе се утврди дека работел спротивно на законските мора да одговара. Владеењето на правото мора да биде независно и неселективно.