Почнува реконструкцијата на Инфективното одделение во Клиничката болница-Штип

Почна имплементација на проектот за реконструкција на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека проектот се реализира преку програмата за Меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Првата фаза од реконтрукцијата чини 200.000 евра.

– Во првата фаза предвидена е комплетна замена на прозорците, вратите, столарија и сијалици, што ќе работат на принципот на фотоволтачиен систем. Освен тоа комплетно ќе биде санирана фасадата, истакна Ѓеорѓијев.

Во наредните две години овој проект ќе се реализира, а партнер на штипската Клиничка болница е бугарската општина Гоце Делчев.

Ѓеорѓијев појаснува дека ќе се бараат и средства и за реализација на втората фаза, што предвидува замена на покривот и инсталацијата, а со третата фаза се предвидува реновирање на болничките соби и комплетно да се замени начинот на греење на зградата. Ова одделение, кое е единствено во источниот регион, по изградбата на новиот објект на Клиничката болница ќе остане да функцинира во постојната зграда.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *