Собранието треба да го ратификува Договорот со Бугарија

редлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е на дневен ред на денешната 30. собраниската седница.

Предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика.

Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Бугарската вицепремиерка за правосудни реформи и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева кон крајот на минатиот месец во интервју за Бугарско национално радио (БНР) најави дека дека Договорот ќе биде ратификуван во Народно собрание во јануари.

– Договорот за добрососедство со Македонија е проследен од Владата до Собранието, не е ратификуван се уште, но се надевам дека во јануари народните пратеници ќе го поддржат. Поважно е дека уште пред да се ратификува договорот, т.е. да стапи на сила, тој се исполнува. Дури и да беше ратификуван, ако нашите односи продолжија да течат на истиот начин, што од тоа дека сме потпишале Договор за пријателство и добрососедство, изјави Захариева.

Денеска официјално ќе биде претставено и претседателството на Бугарија со ЕУ.

По тој повод бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство во следниве шест месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *