Летна школа и Форум на наставници од дијаспората, во организација на Агенцијата за иселеништво

 Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија од денеска до 21 овој месец во Конгресниот центар во Охрид ќе го реализира проектот „Форум на наставници од дијаспората 2019 година“.

– Собирот на наставници кои ја држат наставата во иселеништво е поради размена на искуства, презентирање на состојбите, истакнување на проблемите пред соодветните институции, како и следење обука за современи техники и пристапи во образованието, информираат од Агенцијата за иселеништво. 

Меѓу проектите за приближување до иселениците од нашата држава, оствaрување на нивните слободи и права во матичната земја, како и промоција на македонската историја, традиција, јазик и култура е и реализацијата на проектот „Летна школа за изучување на мајчин јазик за децата на иселениците“.

Летната школа ќе се одржува од 20 до 26 јули, а првпат годинава ќе учествуваат деца и младинци со оштетен вид. По тридневниот престој и реализација на предвидените активности воДржавното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Дкмитар Влахов“ – Скопје,  децата и младинците со оштетен вид ќе се приклучат на „Летната школа 2019 година“ во Охрид. Учесниците се од Хрватска, Србија, Кралство Шведска, СР Германија, Република Австрија.

– Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија и во иднина ќе се залага за промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик и ќе даде поддршка на сите исeленици и иселенички организации кои се залагаат за промоција на земјата. Агенцијата и во иднина ќе продолжи со реализацијата на проектите кои се во интерес на сите иселеници, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *