Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија од денеска до 21 овој месец во Конгресниот центар во Охрид ќе го реализира проектот „Форум на наставници од дијаспората 2019 година“.
– Собирот на наставници кои ја држат наставата во иселеништво е поради размена на искуства, презентирање на состојбите, истакнување на проблемите пред соодветните институции, како и следење обука за современи техники и пристапи во образованието, информираат од Агенцијата за иселеништво.
Меѓу проектите за приближување до иселениците од нашата држава, оствaрување на нивните слободи и права во матичната земја, како и промоција на македонската историја, традиција, јазик и култура е и реализацијата на проектот „Летна школа за изучување на мајчин јазик за децата на иселениците“.
Летната школа ќе се одржува од 20 до 26 јули, а првпат годинава ќе учествуваат деца и младинци со оштетен вид. По тридневниот престој и реализација на предвидените активности воДржавното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Дкмитар Влахов“ – Скопје, децата и младинците со оштетен вид ќе се приклучат на „Летната школа 2019 година“ во Охрид. Учесниците се од Хрватска, Србија, Кралство Шведска, СР Германија, Република Австрија.
– Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија и во иднина ќе се залага за промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик и ќе даде поддршка на сите исeленици и иселенички организации кои се залагаат за промоција на земјата. Агенцијата и во иднина ќе продолжи со реализацијата на проектите кои се во интерес на сите иселеници, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво.