ВМРО-ДПМНЕ: Младите земјоделци девет месеци чекаат известување дали добиле грант

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец која платежната агенција ја објави уште во октомври 2018 година се уште чекаат одговор.

Веќе девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра.

Иако власта со објавување на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката за тоа кој е избран, а кој не, да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог.

Стотина можеби и илјада млади земјоделци се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција.

Власта издиша. Буквално се посрамоти. Се редеа Љупчо Николовски, Стефан Богоев и кој ли уште не, да не убедуваат колку успешно ќе го терале овој проект, сега откако ништо не мрднаа од мртва точка никаде ги нема, првиот додуша се сокри и избега на Бихачка, затоа што ништо од она што го ветуваше како министер не исполни.

Ништо подобар не е ни неговиот наследник Димковски.

Ги прашуваме министерот Димковски и директорот на платежната Бабовски има или не средства во програмата за оваа мерка? Доколку има зошто е во застој, доколку нема, зошто нема иако е ветено и распишан повикот?

Дополнително треба да одговорат Николовски, Димковски и Бабовски дали чекаат да се доиспразнат македонските села, па да нема на кого да ги исплатат средствата или пак чекаат одлука на локалните ограноци на СДСМ,за тоа да кажат кого е подобен а кој не.

На земјоделците сте им преку глава. Земјоделецот го донесовте на питачки стап, луѓето немаат леб да јадат, а вие се луксузирате во удобните климатизирани канцеларии.

Време е за оставки.

СДСМ носи само стагнација на македонскиот аграр затоа немојте да се мачете, и немојте да  ги мачете ни македонските земјоделците. Заминете си додека е време!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *