Бектеши: ДУИ секогаш е подговена да разговара да се изнајдат решенија на проблемите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) како отворена партија секогаш е подготвена разговара за да се изнајде решение што ќе биде најдобро за сите граѓани и за државата.

Ова го порача министерот за економија Крешник Бекеши во одговор на прашање дали има смисла утре да се одржи најавената лидерска средба без присуство на лидерот на опозицијата и посочи дека последните денови бил на средби со СТО заради што не е целосно информиран за последните случувања во земјава.

Во врска со вчерашните разрешувања во третиот ешалон на власта, Бектеши потенцира дека ДУИ речиси ги исполнила сите ветувања во програмата со која ги добиле изборите во 2016 година.

-Среќни сме што веќе се склучени договорите со Грција и Бугарија кои го отвораат патот на интеграција на нашата држава и моментално сме фокусирани на економскиот развој со цел да креираме подобар стандард на живеење за сите граѓани и да отвориме нови работни места. Направивме внатрешни анализи за сте агенции, директорати и министерства и не значи дека ДУИ нема да им понуди ново место на тие што беа разрешени вчера. Тие, пак, што нема да бидат дел од власта ќе го дадат  својот придонес внатре во партијата, имајќи во предвид дека моментално работиме на новиот партиски конгрес со цел да го подобриме функционирањето на партијата, изјави Бектеши во ТИРЗ Скопје 1 каде беше означен почетокот наградба натрурската фабрика „Балканлар пластик“.