Советот на Општина Богданци го зголеми буџетот за 2019 година

Советниците на Општина Богданци денеска едногласно ги усвоија измените и дополнувањата на општинскиот буџет кој е зголемен за дополнителни 32,5 милиони денари.

Потребата за донесување на денешниот ребаланс на буџетот за 2019 година,кој сега изнесува 183,5 милиони денари, произлезе поради одобрените средства од страна на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој,за реализација на повеќе проекти.

-Структурата на ребалансот е направена на начин што средствата се насочуваат кон развој на општината и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, особено во руралните средини, соопштија од службата за односи со јавноста.

Беше посочено дека за таа цел ќе почне реализацијата на неколку значајни проекти како што се реконструкцијата на локалниот пат Стојаково-Селемли, изградба на улица во Селемли, изградба на пешачка и велосипедска патека од Богданци преку месноста Чести Јавори до браната „Паљурци“ и ревитализација на локалниот пат Богданци-Стојаково-Ѓавото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *