Груби: Институциите соодветно да одговорат во случајот „Рекет“

Со случајот „Рекет“ се потврдува потребата за транспарентност, за ветинг посебно за обвинителите, судиите, но и за сите тие што се зафаќаат со јавна служба вклучувајќи ги и политичарите, изјави денеска пратеникот Артан Груби од ДУИ.

Груби рече дека се надева оти институциите ќе ја завршат својата работа на најдобар и најтранспарентен можен начин и дека тоа ќе не доближи до НАТО и до ЕУ, иако за него членството во Алијансата е веќе завршена приказна.

– Додека за ЕУ владеењето на правото е апсолутен приоритет, со целосна почит кон пресумпцијата на невиност, дека институциите функционираат и се надевам дека ќе видиме епилог што ќе биде согласно Законот, рече Груби.

Груби вели дека тој и членови на неговата партија немале конкретни сознанија за некакви злоупотреби од страна на СЈО, но смета дека системот е компромитиран, како што рече, уште од самиот почеток кога протекоа прислушувани материјали во 2015 година па се до ден денес.

– Сметам дека оваа компромитација на овој систем не успеа да најде соодветен одговор од страна на институциите посебно обвинителството кое мораше да постапи поригорозно, подиректно, поефикасно за да се врати целиот систем во нормала. Идејата за основање на СЈО беше да ги истражува сите индиции што потекнуваа од тие прислушувани материјали и основавме институција за тие прислушувани материјали да добијат институционален епилог во СЈО, а не тоа да го гледаме секојдневно по социјални мрежи или пак, тргувања на каков било начин. Тоа е неприфатливо, потенцира Груби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *