Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас отвори постапка во врска со работата на депонијата Дрисла за загадување на животната средина и природата.
– По допрен глас отворен е предмет во Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации, стои во соопштението од Скопско ОЈО.
What a fascinating read! The author did a fantastic job presenting the information in a way that’s both informative and entertaining. Id love to dive deeper into this subject. If anyone else is interested, click on my nickname to join the conversation!