БАБУНСКИ ОСТАНУВА ВО ЈОКОХАМА

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски, кој со успех ги брани боите на јапонскиот прволигаш Јокохама, го продолжи договопрот со овој клуб на уште една година.

Од клубот се задоволни со постигнатиот договор, бидејќи потврдуваат дека Бабунски бил еден од најдобрите во оваа полусезона. Нашиот фудбалер одигра 20 натпревари и постигна 3 гола, но многу поголем е неговиот придонес во добрата игра која екипата ја прикажува на теренот.

Постоеше можност Бабунски да биде дел од некоја европска екипа бидејќи неколку европски клубови покажаа голем интерес за него, меѓутоа тој реши уште една година да остане на далечниот исток.

SHARE