Нови контејнери и возило за чистење на канализации во Богданци

Општина Богданци за потребите на јавното комунално претпријатие „Комунална чистота“, набави нови контејнери и возило за чистење на канализации со кои претпријатието ќе ги подобри условите за работа и ефикасноста.

–Набавени се 50 нови пластични контејнери со зафатнина од 1,1 метар кубен кои ќе ги поставиме на места каде што досега немало садови за собирање на комунален отпад од домаќинствата во Богданци и населените места Стојаково,Селемли и Ѓавото, велат надлежните од комуналното претпријатие, посочувајќи дека набавката на контејнерите чини 410.000 денари.

Комуналните работници од Богданци добија и специјално возило за чистење на канализации за кое општината потроши 1,7 милиони денари.Возилото ќе овозможи полесно и многу поефикасно чистење на канализациските цевки под висок притисок.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *