Конзервација на производствениот погон во РЕК „Осломеј”

РЕК „Осломеј” утре ќе почне постапка за редовна годишна конзервација на производствениот погон  којшто се планира неколку месеци да биде надвор од процесот на производство.
Директорот на РЕК „Осломеј” Ќерим Халили изјави дека при активностите ќе има густ чад, но оти се преземени сите мерки за да нема штетни последици. Апелира граѓаните да не се вознемируваат и да не подлегнуваат на дезинформации.
– Постапката за конзервација ќе почне во раните утрински часови и се очекува да заврши за десет часа.Во тек на овој процес од оџакот на комбинатот ќе излезе густ чад што е редовна појава при ваквиот процес, меѓутоа како раководство на РЕК „Осломеј“ ги известуваме сите граѓани дека од наша страна се преземени сите потребни мерки, како што се активирањето на електринските филтри кои не дозволуваат никакви штетни последици по здравјето на граѓаните. Поради тоа ги информираме граѓаните на регионот дека нема потреба од никакво вознемирување, истовремено апелираме да не подлегнат на никакви дезинформации што би можела да се појават на самиот ден, вели Халили .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *