НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕКОЈДНЕВНО ТОНЕ ВО СКАНДАЛИ, КАДРОВСКИ УТКИ И ГАФОВИ! ЗАЕВ НЕ Е ПРЕМИЕР САМО НА НЕГОВИТЕ СЛЕПИ СЛЕДБЕНИЦИ ТУКУ НА СИТЕ ГРАЃАНИ! НЕГОВИТЕ ИСПАДИ, НЕВНИМАТЕЛНОСТ, НАИВНОСТ И СКАНДАЛИ СЕ НАЦИОНАЛЕН СРАМ!

 

Не е спорно дека секој може да наседне на умешни шегаџии. Не случајно на Руските комедијанти претходно наседнале и Макрон, Џонсон, Столтенберг, Ердоган, Саакашвили, Лукашенко и многу други. Арно ама не е нормално да се наседне 3 пати и тоа помеѓу првиот и последниот разговор да се поминати 6 месеци.  Секој здраворазумен политичар ќе се посомнева дека нешто не е во ред. Патем, ако очекуваме полноправно членство во НАТО Алијансата до декември 2019, зарем Заев во меѓувреме не се слуша со вистинскиот Столтенберг за да утврди дека е наместен? Споделува ли Заев со своите соработници – Министри, информации од национално значење? Што правеле безбедносните служби? Имаат ли Владините функционери безбедносни протоколи воопшто? Како е можно и Генералниот Секретар во неговата канцеларија да го снима функционер именуван од истата Влада? 

 

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА ЗА СКАНДАЛОЗНАТА СОДРЖИНА НА АУДИО СНИМКАТА!

 

Како е можно Премиер кој во Државата промовира финансиски политики за исплата во готово најмногу до 500 евра, да зборува за донација од 100 илјади евра во кеш? Претходно, бранејќи го неговиот кадар Драги Рашковски пред новинарите објаснуваше дека не е можно да се бара поткуп пред 7 луѓе. Очигледно е дека не е свесен за значењето на ваквите изјави. Затоа што после ваква „одбрана“ логично се наметнува прашањето, а од кај знае Заев во какви околности и услови се бара поткуп?

 

ДАВАЊЕТО ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ НА АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР И ПРЕМИЕР НА СОСЕДНА ДРЖАВА НА ТРЕТИ ЛИЦА – ПОЛИТИЧАРИ БЕЗ НИВНА ДОЗВОЛА Е МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ! БЕЗ РАЗЛИКА ШТО ЗАЕВ МИСЛЕЛ ДЕКА РАЗГОВАРА СО ПОРОШЕНКО!

 

ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОНАИВЕН АКО ПОВЕРУВА ДЕКА МЕДИУМСКИТЕ ГАВАЗИ ЌЕ ЈА ОДБРАНАТ НЕГОВАТА ЧЕСТ И УГЛЕД СО НАРАЧАНИ ПРИЛОЗИ. ЗА МАКЕДОНИЈА Е СРАМОТА ПРЕМИЕР ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА ЗОШТО Е НАСЕДНАТ ОД РУСКИ КОМЕДИЈАНТИ. АРНО АМА ОДАМНА ВЕЌЕ РАБОТАВА НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НЕ Е ЗА МАШАЛА! ДОДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СЕ ВОВЕДЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ, НЕКА ЈА ВОДИ ДРЖАВАТА ТЕХНИЧКА ВЛАДА И ДА ОДИМЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! ДРУГО ЧАРЕ НЕМА!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                               

SHARE