СЕ ШТО ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ СЕ ОСТВАРУВА!

 

Македонската Алијанса во ноември лани предупреди дека 8-те пребегани опозициски пратеници станаа ортаци на немакедонската Влада во замена за нивна амнестија. Срамна беше тогашна прес конференција на Елизабета Канческа Милевска која се обидуваше да ја влече за нос Македонската јавност објаснувајќи дека наводно владејачкото мнозинство ги прифатила нивните амандмани со кои се гарантира Македонскиот идентитет. И тогаш на сите им беа јасни нивните мотиви. Сега 7 месеци подоцна добија само официјална потврда.

 

ЗАЕВ ГО ИЗБРИША ПАТОСОТ СО СИТЕ ОНИЕ КОИ ИЗВИКУВАА „НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“! СДСМ СТАНА СОИЗВРШИТЕЛ ВО „СКОПЈЕ 2014“! АКО ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА КУЛТУРА И НЕЈЗИНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ВО ПЕРИОДОТ 2009 И 2017 НЕ СТОРИЛА ЗЛОУПОТРЕБИ НА ФУНКЦИЈАТА ТОГАШ СИТЕ ОБВИНУВАЊА БИЛЕ НЕВИСТИНИТИ И МАНИПУЛАТИВНИ!

 

ПОРАКАТА Е ЈАСНА! ПРЕДАВСТВАТА СЕ НАГРАДУВААТ! ГЛАСАЈ ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ И СЕ ТИ Е ПРОСТЕНО!

 

Ова е најсрамниот период во поновата Македонска историја кога предавници и изроди работејќи за туѓи немакедонски интереси, свесно и со умисла му нанесоа тежок удар на сопствениот народ. За жал, доживеавме Македонски пратеници во Македонско Собрание да гласаат за уставни промени со кои ги бришат сите досегашни борби, ги релативизираат огромните жртви на Македонските херои и сите изгубени животи дадени за нашата Татковина!

 

НЕ Е ПРВ ПАТ МАКЕДОНЦИТЕ ДА СТРАДААТ ОД РАЦЕТЕ НА ОДРОДЕНИ МАКЕДОНЦИ! НО, СМЕ ДОКАЖАЛЕ ДЕКА СМЕ МНОГУ ЖИЛАВА НАЦИЈА КОЈА ЗНАЕ ДА СЕ СПРАВУВА СО ПРЕМРЕЖЈАТА. ТАКА ЌЕ БИДЕ И ОВОЈ ПАТ! СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО ЌЕ СИ ВРАТИМЕ НАЗАД!

 

ВРЕМЕТО ИМ ИЗМИНУВА! ФАКТУРАТА ЗА ПРЕДАВСТВАТА ЌЕ ИМ БИДЕ ИСПОРАЧАНА! НАРОДОТ ЧЕКА ШАНСА ЗА ДА ГИ КАЗНИ ПРЕДАВНИЦИТЕ! СРАМОТ ЗА СТОРЕНОТО НИКОГАШ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГО ИЗБРИШАТ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

 

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                

SHARE