Пендаровски: Подржувам, но од оваа позиција не можам да предводам процес на промена на изборниот законик

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека од позицијата на која се наоѓа само може да поддржи иницијативи за измена на Изборниот законик во однос на намалување на бројот на изборни единици.

– Јас од оваа позицијата на која сум можам само да поддржам иницијативи во таа насока. Се разбира дека не можам да ги предводам политичките процеси во таа смисла. Јас дадов веќе едно соопштение откако неколку политички субјекти дојдоа кај мене со тоа барање, бидејќи претходно како кандидат на претходни избори јас бев за тоа и сега сум, меѓутоа оставам тие политички субјекти да ја тераат понатаму работата во соработка, колку што знам што е последна информација, со некои меѓународни организации кои се занимаваат со тоа – реформи во изборните системи во транзициските држави, рече Пендаровски.

Тој рече дека доколку има потреба од негова понатамошна поддршка или учество кој било фаза во тој процес, би учествувал и би кажал што мисли, што е добро генерално за македонската демократија.

– Меѓутоа не би сакал од оваа позиција на претседател да го предводам тој политички процес, бидејќи мислам дека тоа е, пред се и над се, работа на политичките партии, рече Пендаровски по посетата на јужната граница во Гевгелија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *