Градежнатa комора и Град Скопје ќе ја унапредуваат соработката

 Формирање бизнис клуб во Скопје кој ќе работи на решавање на тековните проблеми и зголемување на активностите во делот на општествена одговорност на компаниите од секторот градежништво, е предложено на денешниот состанок на претставниците на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– На средбата се дискутираше за зајакнување на соработката, подобрување на административните процедури и постапката за издавање одобренија за градба, како и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во Скопје. На состанокот беше искажана потребата од заедничка работа за креирање поволни услови за бизнис секторот и општински развој, соопшти Сојузот на стопански комори на Македонија.

Ова е прва официјална средба на иницијатива на Градежната комора, на која беше потенцирана потребата од меѓусебната соработка и редовни состаноци за континуирано унапредување на јавно-приватниот дијалог.

Градоначалникот Шилегов ја истакнал отвореноста за соработка и ги информирал компаниите за идните потенцијални инфраструктурни проекти, како основа за планирање на инвестициите во градежниот сектор кои треба да се имплементираат по европски стандарди со особен акцент на заштита на животна средина.

Од Градежната комора на Македонија ја потенцирале важноста од изградба на еко домови и следење на најновите светски трендови, односно долгорочната заштеда на енергија и пари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *