Охрид СОС: Од решавањето на проблемот со дивоградбите ќе зависи дали Охрид ќе биде во УНЕСКО

Централната и локалната власт не направија ништо за зачувавање на статусот Охрид град на УНЕСКО. Од 19-те препораки што државата требаше да ги исполни за Охрид и Охридското Езеро да не бидат ставени на листата на загрозени подрачја исполнети се само три точки, реагира невладината организација Охрид СОС.

На 43. Сесија на Комитетот за културно наследство што деновиве се одржува во Баку, македонската делегација, како што информира Трајче Талески, престставник од Охрид СОС, ќе побара одложување на рокот за реализација на препораките до февруари идната година.

– Во Баку ќе бараме да ни се одложи до февруари да се изреализираат сите законски или политички одлуки кои требаше да се донесат. Тоа требаше да се донесе уште во 2017 година, но ние сакаме да доцниме со тоа и 2020 да ги донесеме. Тоа многу погрешен пристап кон целата проблематика, треба да се делува брзо и едноставно и ригорозно да се постапува со се што не донело до таквата ситуација, истакна Талески.

Забележа дека изминатите 15-тина години институциите затаиле во однос на заштитата на Охрид и езерото. Смета дека од одлуката на централанта и локланата власт за рушење на дивоградбите ќе зависи дали ќе бидеме во УНЕСКО или не.

– Откако излезе препораката на УНЕСКО да се стават градот и езерото како загрозени подрачја тогаш набрзина се направи список на дивоградби на крајбрежјето, па испадна дека се над 1000. Не е направено ништо ниту со депонијата Буково, ниту со автопатот и железницата, не се најдени нови алтернативни решенија. Не е направен план за управување со Охридскиот регион. Само три, од 19-те препораки се исполнети целосно и тоа е патот за Галичица, ски-центарот и туристичкиуте развојни зони, друго мислам дека ништо не е направено, рече Талески.

Нагласи дека кон УНЕСКО не можеме да се однесуваме како досега и оти мора да се постапува онака како што тие бараат, а не ние како што сакаме.

Неговите очекувања се дека Охрид и Охридското Езеро ќе бидат ставени на листата на загрозени подрачја, што смета дека и не е толку лошо, надевајќи се дека ќе се освестиме со што располагаме и како треба да се однесуваме.

– Повеќе од две години укажуваме дека на Охрид може да му се случи ова што моментално му се случува, односно дека ќе биде ставено на листата на загрозени подрачја. И тоа се случи, а сега се бараат решенија. Мислам дека е премногу доцна да се бара решенија кои би биле поволни за Македонија. Нашите очекувања се дека Охридскиот регион, градот Охрид и Охридското Езеро ќе бидат ставени на листата на загрозени подрачја што во крајна линија и не е лошо. Со ваква интервенција на УНЕСКО ние ќе се свестиме со што расоплагаме и како треба да се менаџира овој простор, вели Талески.

Очекува дека државата ќе бара политички решенија и ќе лобира кај, како што рече, главните играчи: Кина, Бразил, Шпанија, Индија и Босна за останување на Охридскиот регион под заштита на УНЕСКО.

Најголемата меѓународна мрежа за зааштита на природата која е независно експертско советодавно тело на центарот за светско мнаследстрво IYCN препорачаза три подрачја да се прогласат во опасност: Национален парк во Бангладеш, Островите и заштитените подрачја на Калифорнискиот залив во Мексико и природното и културно наследство во Охридскиот регион.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *