Писмена реакција за изјавата на Директорот на Заводот за статистика

ПОПИСОТ Е СТАТИСТИЧКА А НЕ ПОЛИТИЧКА ОПЕРАЦИЈА! ДОСТА Е ОД МЕЃУПАРТИСКИ ПАЗАРЕЊА! ЗАРАДИ ИНТЕРЕСИТЕ НА АХМЕТИ И ДУИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е СПРОВЕДЕН ПОПИС 18 ГОДИНИ!

 

Не му е работа на Апостол Симовски да се среќава со политичките партии, да ги коментира нивните ставови, туку да спроведе попис согласно сите меѓународни стандарди, особено ЕУРОСТАТ. Сомневањата се зголемија пред 1 година кога тој изјави дека на пописот во 2020 не треба да се попишува етничка припадност бидејќи тоа било стара пописна категорија која била важна само во поранешна Југославија. После жестоките критики на јавноста Немакедонската Влада се повлече од таквиот став на актуелниот Директор на Заводот за статистика. Сега Немакедонската Влада се обиде Законот за попис да го протне со забрзана процедура  со скратени рокови бидејќи содржи предлог да се попишуваат сите кои имаат Македонски матичен број. Под притисок на Ахмети и ДУИ се измислило решение како да се сокрие реалниот процент на Албанци во Македонија. Откако опозицијата најави бојкот на така скроениот попис, се најавуваат обиди за нова тура преговори и пазарења на штета на Македонските национални интереси. Во неколку наврати побаравме уште ПРЕД да се отвори прашањето за двојазичност на цела Македонска територија да се направи попис. Заев не само што не не послуша туку отиде и чекор понатаму и ја прифати уцената на Ахмети и ДУИ. Во Уставот лажно вметна дека Рамковниот Договор е конститутивен елемент на современата Македонска Држава. Сега има уште посилна потврда дека Албанците ги стекнуваат правата врз основа на тоа дали се 20% од вкупната популација која живее и работи во Татковината. Пописот во 2020 мора да ги даде одговорите на прашањата кои се директно поврзани со спецификите на Македонското општество.

 

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА СМЕТА ДЕКА ОДГОВОРНОСТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ТРЕБА ДА МУ БИДЕ ДАДЕНА ЛИЦЕ СО ВИСОК МОРАЛЕН КРЕДИБИЛИТЕТ, ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА, КОЕ НЕ БИЛО ДЕЛ ОД ПРЕТХОДНИТЕ СРАМНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ!

 

                                                                               МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                         Претседател,

                                                                                 Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *