Дадената подршка од жителите моја обврска за нивна посреќна иднина

Новиот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски, во куса изјава за МИА и како што со насмевка додава прва како градоначалник, вели дека дадената подршка ќе биде негова обврска кон сите жители на Мала Преспа за нивна посреќна иднина.

– Многу сум благодарен за довербаta што ми ја укажаа жителите на мојата Мала Преспа. Новата функција за мене значи обврска кон сите жители, независно дали го дале или не гласот за мене, за да областа им ја вратиме со сите промени кои ги заслужува. Во тоа секако очекувам голема подршка и од Владата и прмиерот Еди Рама, но и од матичната земја Македонија, изјави Колeфски.

Според него, меѓу главните приоритети на кои ќе го насочи вниманието се „подобрување на целата амортизирана инфраструктура, враќање на општината во рацете на народот и секако обезбедување транспарентост во сите правци“.

Тој ветува соработка со Советот на општината без разлика од која партијата ќе бидат новите членови а сето тоа во нтерес на жителите и општината во целина.

Колeфски на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите или 646 гласови повеќе од неговиот против кандидат Едмонд Темелко,кој на чело на општината беше три мандати.