Македонската Алијанса од името на целата Дијаспора изразува благодарност на Германскиот Парламентарец Франк Швабе и Унгарскиот Золт Немет, кои согласно Извештајот на мониторинг комисијата на ПССЕ, останаа доследни на барањата за почитување на правото на Македонците во Бугарија.
ЧЕСТИТАМЕ, ИМ ОДРЖАВТЕ ЛЕКЦИЈА НА ПЕНДАРОВСКИ, ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА!
Се констатира дека Бугарските власти спротивно од Рамковната Конвенција на Советот на Европа, не ги признаваат Македонците, не се изучува Македонскиот јазик, ниту Македонската историја во училиштата. Нашите браќа и сестри во Пиринска Македонија не добиваат буџетски средства за зачувување и развој на Македонскиот идентитет и култура, не е регистрирана ниту една Македонска организација, се спроведува дискриминација и се практикува говор на омраза кон Македонците. Ова е прецизна дијагноза за официјалната негаторска политика на Бугарија кон Македонскиот идентитет!
ПОВЕЌЕ НЕ БРАНАТ ТУЃИНЦИ ОТКОЛКУ ЗАЕВ И НЕГОВИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ! БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПРЕДАВСТВАТА И КАПИТУЛАЦИИТЕ НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ ОТКАЖА ОД ГРИЖАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА И ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА! АЈДЕ СЕГА ЗАЕВ НЕКА ПОБАРА ОД БОРИСОВ ВО ДУХОТ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ ДА ЈА ПРИФАТИ ПРЕДЛОГ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ПССЕ!
ПОСЛЕ ПОРАЗОТ НА ОВАА ВЛАДЕЈАЧКА ГАРНИТУРА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НИТУ ЕДНА МАКЕДОНСКА ВЛАСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖУВА ОД НИКОГО! СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО ЌЕ ВРАТИМЕ НАЗАД!
НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА