Писмена реакција за фејсбук статусот на Радмила Шекеринска

ПРОСТО Е ТАЖНО КОЛКУ ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ ПОСВЕТЕНИ НА УРНИСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ! ИСТАТА ШЕКЕРИНСКА КОЈА ЗАЕДНО СО ЗАЕВ И ДИМИТРОВ УПОРНО НЕ УБЕДУВАШЕ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СО ДОГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА Е „БЕТОНИРАН“, САМАТА СЕ НАРЕКУВА СЕВЕРНО МАКЕДОНСКИ МИНИСТЕР!  

 

Во екот кога со Бугарските националисти се води историска „војна“ за Гоце Делчев, а тие упорно се држат до идиотската теза дека Македонска нација е вештачка творба од 1944, што исто така е и Грчка официјална позиција, Шекеринска им дава дополнителни аргументи. Сменија имиња на аеродром, автопат, стадион, институции, униформи на АРМ, им признаа на Грците дека се единствени потомци на Александар Македонски. За нив, нашите браќа и сестри во Егејска Македонија се одредена категорија на граѓани кои не зборуваа Грчки, ама тоа било внатрешно прашање на Атина. Од страв пред Грчкиот Премиер и Македонската химна не смееја да ја интонираат, ама упорно не убедуваат дека Македонскиот идентитет е обезбеден! И се уште се во тешка заблуда дека членството во НАТО може да биде лек за горчината на националниот срам и порази кои ни ги приредуваат секојдневно.

 

СЕ ШТО ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ СЕ СЛУЧУВА! ПРЕДАВСТВАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА БОЛАТ И ЌЕ БОЛАТ УШТЕ ПОВЕЌЕ! ПРЕДАВНИЦИТЕ ЗАРАДИ ВЛАСТ И ЛИЧНИ ПРИВИЛЕГИИ СЕ НАФАТИЈА ДА НИ НАМЕТНАТ ХИБРИДЕН ИДЕНТИТЕТ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ДОПРВА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ТЕШКАТА ПОЛИТИЧКА КАЗНА ЗА СЕ’ ШТО МУ ПРАВИ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД!

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ЌЕ СЕ ИЗБОРИ ДА ВРАТИ СЕ ШТО Е СВЕТО НАЗАД!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *