ДИМИТРОВ ОДИ ВО БУГАРИЈА ДА СЕ ПАЗАРИ А НЕ ДА ГИ ОДБРАНИ МАКЕДИНСКИТЕ ПОЗИЦИИ! ТОЈ ТРГНУВА ОД ПРЕМИСАТА ДЕКА ТРЕБА ВЕЧНО ДА ИМ СЕ ПОПУШТА НА ГРЦИЈА И БУГАРИЈА БИДЕЈЌИ СЕ ВО ЕУ И НАТО! ЗГОРА НА ГРБОТ ГО ИМА И ПАЗАРЏИСКИОТ И СРАМЕН ИСПАД НА ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СЕ ИЗЈАСНУВАЛ ЗА БУГАРИН А СЕ БОРЕЛ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА!
Немакедонската Влада не треба да се однесува како да живее на друга планета! Сите последни изјави на Борисов, Захариева, Каракачанов, Џамбаски и Ковачев потврдуваат минимум 2 работи. Првата, дека за Бугарија ние сме вештачки создадена нација после 1944 и заради тоа целата Македонска историја претходно им припаѓа ним и втората, дека македонски идентитет не постои и затоа не се откажуваат од нивната идиотска теза „еден народ во 2 Држави“! Ова веќе не се повремени испади на некои националисти, туку официјална политика на актуелната Бугарска Влада!
ДИРЕКТНИТЕ БУГАРСКИ УЦЕНИ – ИЛИ ЌЕ ПРИЗНАЕТЕ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН ИЛИ НЕМА ЕУ СОЗДАВА СОМНЕЖ ДЕКА ЗАЕВ МУ ВЕТИЛ НА БОРИСОВ НОВИ ОТСТАПКИ!
Немакедонската Влада им призна на Грците монопол на Александар Македонски, се откажа од Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, се согласи со Бугарите заедно да се чествува Илинденското востание, им призна дека имаат право на Цар Самоил, Кирил и Методиј, им удоволи на Грците на сите споменици да им се стават плочки дека се од хеленско потекло, ги смени имињата на аеродромот и автопатот, И ОЧИГЛЕДНО НИ ТОА НЕ Е ДОВОЛНО!
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НИШТО ДРУГО! ЗАРЕМ ПЕНДАРОВСКИ, ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА НЕ РАЗБИРААТ ДЕКА ГРЦИЈА И БУГАРИЈА НЕМА ДА ПРЕСТАНАТ СЕ ДОДЕКА НЕ ПРИСВОЈАТ СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО! СО ТОА ЈА БРАНАТ СРАМНАТА ИСТОРИСКА НЕПРАВДА ОД 1913 КОГА СО БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ГИ АНЕКТИРАА ЕГЕЈСКА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА!
НА УЦЕНИ И ЗАКАНИ СЕ ОДГОВОРА СООДВЕТНО! МАКЕДОНИЈА ЕДНОСТРАНО ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ПРЕКУ АКТИВИРАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 13, ТОЧКА 3. ДЕНЕС ТОА ТРЕБА ДИМИТРОВ ДА ИМ ГО СООПШТИ ВО СОФИЈА И КОНЕЧНО СИТЕ ДА СФАТАТ ДЕКА НЕ МОЖЕ ВЕЧНО ДА НЕ ВЛЕЧАТ ЗА НОС И ДА ГО ГАЗАТ ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!
ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА ЌЕ ДОЈДЕТЕ НА МОЕТО! САМО СИЛНА НАЦИЈА ОБЕЗБЕДУВА СИГУРНА ИДНИНА! ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА И ВРАЌАЊЕ НА СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО Е ВИСТИНСКИОТ И ЕДИНСТВЕН ПАТ ЗА МАКЕДОНИЈА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА